Култура // Настани
(Галерија) Момче со аутизам пееше на концертот на Нокаут
„Лебедот бел", големиот хит на "Нокаут" прекрасно звучеше во изведба на Јорданчо од Велес, кој е лице со аутизам. Гест за аплауз на славеничкиот концерт на „Нокаут" во СРЦ Кале е што го поканија ова талентирано момче кој е нивен голем фан.
Концертот во СРЦ Кале е во тек, полн со емоции, среќна публика и добро подготвен бенд на сцената. Пред 20 години, "Нокаут" го одржаа првиот концерт, токму на истото место.
М.Џ.