(ГАЛЕРИЈА) Наташа Беквалац и Милан Станковиќ во врска?

Добивај вести на Viber

На еден престижен настан, каде повеќе јавни личности присуствуваа на отварањето на еден сплав, целото внимание на фотографите беше привлечено од Милан Станковиќ и Наташа Беквалац, кои на изненадување за многумина беа многу блиски, но и заедно пристигнале на забавата.

Иако, се знае дека покрај добрата соработка која ја имаат во популарната емисија „Pinkove Zvezdice All Stars“, тие се и многу добри пријател, сепак со држењето за раце и заводливите погледи, не‘ изненадија сите.

Како што се претпоставува дека најверојатно станува збор за само добра енергија и расположение, никако не може да се занемари фактот дека постои хемија помеѓу нив двајцата, која е повеќе од очигледна.

Наташа на својот Инстаграм профил под фотографиите напиша јасна порака: „Музиката е патот до среќата.“. И Милан ги сподели истите фотографии, под кои во описот стави срце.