(ГАЛЕРИЈА) Познатите македонки во хит костими за капење за ова лето
Дали веќе ги набавивте вашите бикини или костим за капење за ова лето? Можеби сите немаме совршено тело, но за бикините велат дека се вашиот џокер за на плажа. Важно е да изберете модел кој ви е удобен и кој најубаво ви стои.
Во мода оваа сезона се повторно едноделни костими за капење, но доминираат асиметричните модели, оние кои имаат еамо една прерамка или оние кои имаат необичен отвор или додатоци. Модерни се принтовите на цреша, со точки, но и моделите во пастелни бои. Што се однесува до дводелните костими, популарни се оние кои имаат по малку ретро изглед од шеесетите години, со висок долен дел. Класичните црни или еднобојни бикини никогаш не излегуваат од мода.
Нашите познати дами го следат светскиот тренд. Дел од нив на Инстаграм објавија слики во костимите со кои ќе заведуваат ова лето на плажа.
Лила Стојановска во тренди едноделен костум во асиметричен модел
Класични сини бикини убаво искомбинирани со иста боја на очила.- Марјана Станојковска
Миа Костова по последна мода со дводелeн ретро костим со висок горен дел
Елена Стефановска избра црн костим со длабок отвор кој е хит сезонава
Класичните црни бикини се секогаш во мода.- Елена Ристеска