Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Пролетен тренд: Избери крем боја и биди убава како Викторија Бекам
Нежна, елегантна и класична. Ова се епитетите со кои се опишува крем бојата, баш како и стилот на популарната дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам.
Крем бојата доминира оваа пролет и факт е дека станува збор за една од најомилените и секако вечните тренди нијанси. Токму Бекам секогаш совршено ја комбинира оваа боја најчесто со нејзината омилена тегет, но и со парчиња со впечатливи тонови.