(ГАЛЕРИЈА) „Ребека“ од Фиренца пристигна во Скопје

Добивај вести на Viber

Познатиот италијански бренд за накит „Ребека“, сношти стаса и во Македонија. На промоцијата на новоотворената продавница во „Рамстор“ дојдоа повеќе јавни личности. Меѓу нив и поп-ѕвездата Каролина Гочева, која е заштитно лице на брендот.

Сопственичката на брендот е италијанката Ребека Тести, чиј татко, инаку дизајнер, ја основал компанијата, а сопственичка во Македонија е Ива Милошевска

Сопственичката на брендот е италијанката Ребека Тести, чиј татко, инаку дизајнер, ја основал компанијата, а сопственичка за Македонија е Ива Милошевска, дипломиран комуниколог и пиар експерт на универзитетот во Рим. 

Настанот го отвори италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео.- со Ребека Тести и со сопственикот на компанијата „Алкалоид“ Живко Мукаетов 

„Мило ми е што и Македонија, меѓу другите земји со кои што соработуваме имаше слух за овој проект. На нас ни е најважно што сме уникатни и во дизајнот ги следиме најновите трендови. Со Ива Милошевска и со нејзиното семејство одлично се разбираме“, изјави Ребека Тести. Седиштето на компанијата се наоѓа во близина на Фиренца. 

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли 

Настанот го отвори италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео кој рече дека е горд на оваа соработка меѓу двете земји. 

Каролина Гочева е меѓу првите кои го промовираше брендот, на својот Инстаграм профил. (М.Џ.)