(ГАЛЕРИЈА) Ревија на различности: Жени во костими за капење прошетаа на Плоштад

Добивај вести на Viber

Горда сум што сум своја, порачаа 15-те дами кои беа дел од оргиналната модна ревија на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. 

Модели, но и девојки и жени кои се занимаваат сосема друга професија, носејќи костими за капење за „Лисца“ гордо прошетаа пред присутните носејќи ја пораката на настанот „Горда сум што сум своја“.

Без разлика на висината и тежината, дамите одлично се носеа со улогата на модели, а најголем аплауз доби поетесата Искра Донева која е родена со целебрална парализа.


„Се чусвтвувам одлично, среќна сум“ изјави таа за Женски магазин по настанот. 

Со оваа ревија, Скопје му се доближи на светскиот моден центар, Милано, каде што претходно, на Пјаца Дуомо се организира ваквов настан. 

Следните ревии од ист тип, „Лисца“ ќе ги организира во Љубљана и во Белград, што го прави Скопје еден од четирите градови во Европа каде што дамите на јавно место, облечени во костими за капење покажаа дека се горди на своето тело и на она што се. 

Водителот и ПР менаџер во „Идеа лаб“  Димитар Атансовски им помагаше на девојките да се подготват за ревијата

Мисијата, „да се соблечат сите предрасуди“ беше исполнета. 

М.Џаровска

Фото: В.Тануровски