(ГАЛЕРИЈА) Славни двојки кои диктираа мода во 2018
Стилот на светските двојки, кои изминатава година постојано се надополнуваа, дали на работна должност, на црвен тепих или пак за обични прошетки, е умешност на која се восхитува целата јавност.
Во доменот на елеганција, доминираа младенците Меган Маркл и принцот Хари, како и претседателот и првата дама на Франција, Бриџит и Емануел Макрон.
Во областа на „street style“, најфотографираните ѕвезди се на северноамериканскиот континент, меѓу кои младите двојки - Хејли Болдвин и Џастин Бибер, и Бела Хадид и Д Викенд.
За вечерни излегувања и романтични вечери, првата награда оди кај Џенифер Лопез и нејзиниот партнер, Алекс Родригез. Второ место е за најкул двојката која ја познаваме, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, кои се препознатливи по нивните комбинации, кои се секогаш во тон со бојата.
Класичниот стил успешно го диктираше можеби и официјално најстилизираниот пар во светот: Бекам. На кралската свадба на годината, Викторија и Дејвид привлекоа огромно внимание со нивниот совршен стил.