(ГАЛЕРИЈА) Стигна новата колекција на Tommy Hilfiger и Џиџи Хадид

Добивај вести на Viber

Новата, четврта по ред колекција која настанала како резултат на соработката на модниот бренд Tommy Hilfiger и манекенката Џиџи Хадид пристигна.

За пролет и лето 2018та Tommy Hilfiger и популарната манекенка ни предлагат модни комбинации инспириани од професионален автомобилизам. Значи, во прашање е улична мода во препознатлива колористичка комбинација тегет-бело-црвено.

Искинати фармерки, кратки јакни, кошули-фустани, тренди тренерки, се модни прачиња кои ќе го оплеменат вашиот пролетен секојдневен стил.