(ГАЛЕРИЈА) Татјана и Новица купија куќа во Мелбурн
Фолк- двојката Татјана Лазаревска и Новица Василевски велат дека еден нивен ден откако живеат во Австралија треба да трае 30 часа за да можат да постигнат сѐ.
„Денот од 24 часа треба да го зголемиме барем на 30“, ни раскажа Татјана која деновиве заедно со сопругот беше ангажирана околу уредувањето на нивниот нивната нова куќа, во Мелбурн. По пет години откако се преселија во Австралија, Татјана и Новица со синовите Стефан и Петар се среќни што живеат во сопствен дом.
„Предходната куќа која ја изнајмувавме беше многу блиску до оваа. Како и секаде во светот, ако работиш ќе можеш да си дозволиш некои нормални задоволства, само што овде има малку подобри можности и услови за живот“, ни изјави Татјана.
Таа и семејството избрале симболичен датуми за вселување и осветување на новата куќа.
„Куќата ја купивме на средината на декември, а се вселивме на 14 јануари, на Василица. На 20 јануари ја осветувавме, а тоа е денот кога пред точно 5 години слетавме и се преселивме во Австралија. Што се однесува до уредување на домот тоа спонтано го правиме сите заедно со децата и пополека. Нашата куќа е секогаш полна со добри и позитивни луѓе, а посебно колегите од Македонија, кои секогаш сакаме да ги удостоиме со убава седенка и дружба. За мезето е речиси секогаш задолжен Новица кој морам да признаам дека одлично се снаоѓа во кујната (дури подобро од мене), хахаха“, ни напиша Татјана од Мебурн.
Синовите Петар и Стефан се ученици во средно улилиште и двајцата се занимаваат со спорт.
„Петар и Стефан се веќе големи момчиња. Петар се занимаваа со кошарка, игра за репрезентација на „Викторија“ а Стефан кошарката сѐ уште му е како хоби, заедно со австралискиот фудбал кој многу го сака и постигнува одлични резултати. Сѐ на сѐ ние сме едно среќно семејство богато со пријатели и луѓе кои ја сакаат нашата енергија и песна“, вели фолк-пејачката.
„Најблиската плажа е половина час возење од нашата куќа“, раскажува Татјана и додава дека во новиот дом, нејзино омилено катче е дневниот престој каде што сака да се опушта и да погледне добар филм.
М.Џаровска