,

(ГАЛЕРИЈА) Уште една живописна колекција од соработката на adidas Originals и Farm

Добивај вести на Viber

Adidas не престанува да ги воодушевува урбаните девојки ширум светот преку колоритните колекции креирани во соработка со бразилскиот бренд Farm. Новата колекција ги задржува живописните дизјани, но овој пат збогатени со мотиви на леопардска принт и тропски листови. Бидејќи основната инспирација е Бразил, секако дека боите во колекцијата се земени од карневалите и тропските овошја.

Со своите уникатни дезени живописната тропска колекција на adidas Originals и Farm ги повикува сите девојки да ја освојат урбана џунгла и да го покажат својот стил.

BUZZ Shop ни ја претставува колекцијата преку серија фотографии кои оваа колекција ја носат во една сосема поинаква средина: Сараевската Башчаршија. Иако на прв поглед необичен избор, сепак целта на adidas x Farm колекцијата е да се бидете уникатни.

Оваа уникатна колекција е достапна во BUZZ Shop продавницата во Скопје Сити Мол како и online на www.buzzsneakers.com