(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнете во ултра луксузната резиденција на Астон Мартин во Мајами
Британскиот супер луксузен автомобилски бренд Астон Мартин минатата есен соопшти дека тргнува во изградба на својот прв станбен објект во Мајами.
Токму оваа недела објавија фантастични фотографии од екстериерот и ентериерот на овој луксузен резиденцијален објект.
Единствениот стилски јазик и тропско опкружување на Мајами ќе направат веднаш да посакате да купите од луксузните станови на зградата Aston Martin Residences.
Главниот креативец на проектот Марек Рејхман, бил задолжен во просторот да интегрира класични карактеристики на Астон Мартин боите како и премиум материјали кога е во прашање дизајнот на ентериерот, а резултатот - мал е зборот импоресивен.
Почнувајќи од лобито кое е креирано во сиви и црни тонови, па до мебел од карбонски влакна, рачно штепани кожни врати и рачки, оваа зграда ќе биде исполнета со луксузни елементи кои се олицетворение на визијата на брендот Астон Мартин.
Резиденцијата која потсетува на јадро, поседува 66 катови со вкупно 391 луксузни станбени единици, чии цени се движат од 700 000 па дури до 8,5 милиони долари. За пентхаус во оваа зграда ќе мора да издвоите 14 милиони долари, а идниот станар кој е подготвен да издвои 50 милиони долари за да живее во овој престижен објект, ќе го добие најексклузивниот пентхаус во зградата.
Кога зборуваме за заеднички простории и услуги кои ќе можат да ги користат идните станари, тие подразбираат спектакуларно лоби, комплетен СПА сервис, фантастичен lounge салон, фитнес центар на два ката како и внатрешен и надворешен базен.
Важно е да напоменеме дека становите може да се креираат по желба со специфични карактеристики од страна на компанијата. Се верува дека идните станари во оваа резиденција ќе се вселат во 2021 кога е предвидено зградата конечно да биде готова.
Разгледајте ја галеријата.