Гастрономско уживање и дегустација на вината „La Scolca“ во винскиот бар Wine Berry

Добивај вести на Viber

Винскиот бар Wine Berry и компанијата „Алхемист“ ве покануваат да ја откриете магијата на винските етикети од италијанската винарија „La Scolca“. За комплетно гастрономско уживање, на овој специјален настан, ќе имате можност да вкусите италијански и суши специјалитети кои се совршена комбинација со овиебели вина. Дегустацијата ќе се одржи на 4. декември во винскиот бар Wine Berry со почеток во 19:30 часот. Бројот на гости е ограничен, а резервација за настанот може да направите на контакт-телефонот 070/ 340 243.

Присутните гости ќе имаат можност за дегустација на трите вински етикети на виното „Gavi dei Gavi“ - Gavi dei Gavi White Label, Gavi dei Gavi Black Label и Gavi dei Gavi Gold Edition. За  карактеристиките на вината ќе се обрати Chiara Soldati, сопственичка на винаријата „La Scolca“  која ќе ја доближи историјата и комплексноста на оваа винарија со традиција која трае 105 години.

Вината Gavi dеi Gavi на„La Scolca“ се безвременска пасија. Том Круз, Колин Фирт, Елтон Џон, Стинг, членовите на AC/DC, Дензел Вашингтон се дел од познатите личности кои ја делат истата пасија и уживаат во ова италиjaнско култно вино.

Винските етикети на „La Scolca“ се достапни во 60 земји низ светот, ги има во најпрестижните светски хотели и ресторани како Soho House, Cecconi's, Zuma, Cipriani и се присутни секаде каде се слави италијанскиот стил на живот. Филозофијата на „La Scolca“ -  „Виното е поезија на животот“ е пресликана во нивната колекција престижни вина кои се врвот на италијанската култура и префинетост.


*Пр објава