Генијални методи за воспитување на норвешките родители: Нивните деца се самостојни и подготвени за суровoста која ја носи животот
„Сржта на овој тип на образование кај народот Сами е дека родителите не прават сè за своите деца“, а еве што друго можеме да научиме од нив.
Народот Сами е единствениот домороден народ што живее во Скандинавија и е најголемата и најсеверната домородна група во ЕУ. Во светот често се познати како Лапонци, иако не сакаат да ги нарекуваат така, бидејќи тоа е навредливо име за нив. На старо-скандинавски Lapp значи парче облека сошиено од разни мали партали.
Територијата на Сапми опфаќа делови од Норвешка, Финска, Шведска и мал дел од Русија. Можеме многу да научиме од родителите на овие народи кои ги подготвуваат своите деца за суровоста на животот.
Со векови, народот Сами користел единствена филозофија за да ги подготви своите деца за опстанок во тешки услови. Тие живеат од стадото на ирваси во северна Финска, Норвешка и Шведска, а речиси сè што прават возрасните ги вклучува и нивните деца.
Во исто време, децата се охрабруваат да бидат независни во сите сфери на животот. Тие имаат право да одлучат кога да јадат или спијат и што да облечат, дури и на температури од -30 степени. Затоа што како што велат овие родители - сè само ќе им се каже по пат.
За многумина, овој степен на независност може да биде изненадувачки. Мисионерите кои го посетиле Арктикот во 18 век, а подоцна напишале во своите дневници дека им се чини дека овие деца можат да прават што сакаат и немаат дисциплина.
Меѓутоа, како што истражувањето се повеќе открива, навидум родителството на Сами без правила има своја корисна филозофија. Со текот на времето, овој уникатен стил на родителство еволуираше за да им помогне на децата да се справат со екстремните предизвици на арктичкиот живот.
Еден од водечките принципи е дека целото семејство се прилагодува на сите задачи што треба да се завршат. Во овие рамки децата сами си ги избираат обврските и нема фиксни обврски.
„Тие јадат кога се гладни и спијат секогаш кога се уморни“, вели Тити Валкеаја, мајка на шест деца на возраст меѓу 8 и 18 години, која го прифатила начинот на живот на Сами преку брак.
За неа, флексибилните навики за спиење од самиот почеток се најдобриот начин да им се помогне на децата да се справат со екстремните арктички сезони. Всушност, жителите на Арктикот обично спијат помалку во текот на летото и подолго во темната, долга зима, кога нивото на мелатонин, хормонот за спиење, се зголемува.
Промената во нивниот ритам на спиење доаѓа природно со сезонските промени. „Никогаш не морав да го форсирам тоа затоа што имавме доволно среќа да живееме според условите на нашите деца“, вели таа. „Децата се вклучени во работата околу ирвасите, а кога не го прават тоа, си играат надвор покрај коралите. Претпоставувам дека не можат да спијат кога има толку многу да се направи и сакаат да бидат вклучени“.
Во лето, за време на ведрите ноќи на Арктикот, нормално е постарите деца да одат на риболов со своите пријатели ноќе, а дома да се вратат само во раните утрински часови. Таа автономија е во спротивност со родителскиот стил на повеќето земји во западниот свет. Интересно е што децата во Норвешка, каде нивните родители им даваат голема слобода, во споредба со децата Сами, според едно истражување, не се толку социјално независни.
„Сржта на ова воспитување кај народот Сами е дека родителите не прават сè за децата“, вели Рауни Аарела-Вихриала, вонреден професор по педагогија на Универзитетот за применети науки Сами во Норвешка, која исто така е мајка на две Сами деца.
Како што вели таа, во западниот свет од родителите се очекува да им поставуваат задачи на своите деца, а кај неа делувањето се заснова на слобода, без разлика дали се работи за промена на циклусот на спиење, избор на хоби или нешто друго.
Друга професорка во својата истражувачка работа тврди дека главната цел на воспитувањето на децата Сами е да ги подготви за живот и да развие независни поединци кои можат да преживеат во дадена средина, како и да им обезбеди на децата самопочит и желба за живот и радост.
Овие деца учат да користат остри ножеви, палат оган и се ориентираат во природа, вештини кои се неопходни за опстанок на Арктикот, но кои имаат и социјална димензија. Човекот освен што преживува во природа, мора да се сложува со различни ликови во различни средини.
„Детето расте со свесност дека сите луѓе се различни и дека секогаш треба да бидете инвентивни. Би рекла дека тоа е многу толерантно“, објаснува Рауни Аарела-Вихриала.
Денес, овие древни родителски вештини сè уште можат да бидат корисни. Една студија покажува дека развојот на вештини за решавање проблеми и саморегулација со поддршка на грижливо семејство може да поттикне издржливост кај децата.
Мајка на шест деца го додава ова: „Понекогаш гледам дека некои луѓе мислат дека моите деца се мрзливи ако спијат доцна попладне, но дали тоа навистина е проблем? Можеби тоа е само проблем на општеството во кое живееме“.
И додека таа е горда што нејзините деца се веќе силно вклучени во семејната работа, на крајот, дури и одлуката дали ќе продолжат да го негуваат наследството останува кај нив.
„Секако, убава мисла е што нашите деца продолжуваат да чуваат ирваси. Но, тие сами одлучуваат. Треба да го сакате тоа“.
ФОТО: Јутјуб принтскрин