Германија воведува министерство за осамени

Добивај вести на Viber

Во рамките на министерството за здравство, Германија сериозно размислува да воведе посебен оддел кој би се грижел за проблемите на осамените граѓани, јавија тамошните медиуми.

- Досега се обрнуваше премалку внимание на болестите кои предизвикуваат осаменост. Едно поново истражување покажа дека осаменоста често предизвикува психички болести како депресија и анксиозност, но и болест на циркулаторниот систем - нагласува функционерот од социјалистичката партија Карл Лутербах.

Тој бара, по примерот на Велика Британија, да се воведе посебна комисија во министерството за здравство која би се бавела со осаменоста и со штетите кои осаменоста ги нанесува на општеството.

Идејата за посебно министерство за осамени ја поддржа и Маркус Веинберг, функционер од Демохристијанската унија.

Мариа Клеин од Партијата на зелените побара, пак, да се изготви студија со трошоците предвидени за оваа дополнителна мерка во рамките на веќе постоечкото министерство.

- Секоја инвестиција во борбата против осаменоста се испалти. Во индиустриски развиените земји бројот на жители кои се бораат со овој проблем е до тој степен висок што експертите предупредуваат за „епидемија“ - нагласува таа.