Германски виролог предупреди на втор бран на коронавирус во зима: Може да биде посилен

Добивај вести на Viber

Угледниот германски виролог Кристијан Дростен предупреди на втор бран на коронавирус кој може да се случи на зима.

Шефот на Институтот за вирологија на берлинскиот „Шаритеа“, во изјава за австрискиот јавен сервис, кажа дека пандемијата не смее да се смета за победена.

- Се наоѓаме на сред развој, ако не и на почеток- вели Дростен.

Говорејќи за различните начини на борба, на постепеното попуштање на мерките во Австрија, тој вели дека Австија била построга во мерките од Германија.

Кога станува збор за Шведска, која отиде по свој пат, наведе дека таму се заканува промена на ставот поради големиот број на мртви.

- Можеби овие дена гледаме благ знак за повторно зголемување на нови инфекции- наведе Дростен, истакнувајќи дека тоа е последица на велигденските празници, на кои граѓаните и покрај потребата за социјално дистанцирање, не се придржуваа строго до мерките.

Советува дека луѓето да се задржуваат што е можно повеќе под ведро небо, а не во затворени простории, бидејќи на отворен простор постои многу мала можност за инфекција.

Дростен новиот коронавирус го спореди со шпанскиот грип, додека пак вели дека сезонскиот грип не може да се сподели со ваквата пандемија.

Тој очекува во лето да биде порелаксирано, но зимата може да донесе втор бран, кој може да биде посилен од актуелниот.