Германските педијатри советуваат: Малите деца не треба да носат маски, еве зошто

Добивај вести на Viber

Деновиве сè повеќе се зборува дека децата кога ќе почнат во градинките ќе треба да носат маски, што предизвикува многу полемики. Еве како размислуваат експерти од Германија за тоа.

Носењето маска за лице се е задолжителна во земјава и во многу земји во борбата против коронавирусот, но лекарите предупредуваат дека, кога станува збор за деца, треба да бидеме внимателни.

Прашањето е дали одлуката децата да носат маска за лице е разумна? Да, но под одредени услови и во одредена возраст, вели германското здружение за педијатри.

За да можат маските да обезбедат заштита на оние околу нас и да не го изложуваат лицето што ја носи на зголемен ризик, потребни се две работи. Прво, маската мора целосно да го покрие лицето од коренот на носот до брадата и треба да биде прикачена на кожата.

Второ, откако ќе ја ставиме на лицето, веќе не треба да ја допираме.

Кога станува збор за децата, нереално е да се очекува тие да ги исполнат овие услови, особено оние во рана возраст.

Помладите деца веројатно нема да ја допрат маската само доколку нивните родители постојано ги предупредуваат за тоа - колку е помало детето, толку почесто ќе ја допра маската. Затоа, германското здружение на педијатри утврди кои деца можат да носат маски: Според нив, тие треба да се постари од 2 години.

Носењето се препорачува само во затворени простории, додека не се задолжителни на отворено, е мислењето на германските лекари.

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Shuterstock