GET NAKED!

Добивај вести на Viber

Една од основните кампањи на Lush е Get Maked.

Пластиката ги нападна екосистемите, нашите тела и животните.

Повеќето од пластика која некогаш била произведена на Земјата и натаму постои и влијае на нашите животи, на начин на кој не ни размислуваме.

Пакувањето во пластична амбалажа,  генерира огромен износ на отпад,  со милиони тони кои завршуваат на депонии секоја година.  Кој е најдобар начин да се намали отпадот од пакување? Целосно отстранување на пакувањето, се разбира!

Ние го водиме патот кон иновативно солидни производи, кои целосно ја отстрануваат потребата за пакување.  Со тоа што им обезбедување на нашите клиенти непакувани, голи опции,  се надеваме дека ќе се зголемиме свеста!  Еколошките проблеми се во срцето на компанијата и влијаатна одлуките кои ги донесуваме секојдневно.

Голи гелови за туширање

Дали е тоа само сапун?  Не, ова  е сосема нешто друго. Голите гелови за туширање функционираат на истиот начин, како и нивните течни колеги, но без потреба од пакување.

На прв поглед,  тие би можеле да изгледаат како обичен сапун,  но голите гелови за туширање не содржат никаква сапунска основа, наместо тоа ги содржат истите состојки како и течните  гелови за туширање, но се двојно поконцентрирани!

Создавањето голи производи не само што заштедува на пакување, туку ги прави и нашите гелови за туширање погодни за патување. Во 2016 година,Lush продаде повеќе од  5 милиони шишиња гелови  за туширање  ширум светот,  што ако само половина од купувачите што ги купиле овие шишиња би се префрлиле на голите гелови за туширање, би можело да се заштеди околу 2,6 милиони шишиња кои би завршиле во депонијата. Тоа е нешто што е вредно да се напомене.

Голите гелови за туширање,  ви го даваат истиот моќен мирис и искуства на кои сте навикнати со вашите гелови во шише.  Но тие се двојно повеќе концентрирани и затоа траат двојно подолго, што ги прави и поекономични.

Ectoplasm гел за туширање. 

Какао путер,  масло од мандарина,  свеж сок од грејпфрут и бадемово масло. За темелно освежување на кожата и подигање на расположението!

Snow Fairy гел за туширање.

Името кажува се.  За кожа како од бајка. Неодолив сладок мирис на лижавче,  кој те враќа во детството...

Sleepy гел за туширање.

За смирување на кожата,  со нежна миризлива лаванда, овесно млеко, илнаг иланг и тонка.  Овој лесен гел ви овозможува  да го измиетен денот, опуштајќи го умот, телото и душата за мирен сон.

Cinders гел за туширање.

Зачинет гел со горчлив бадем, цимет, каранфилче, морско оревче и масло од семки од тиква.