Шкорпија
Овој хороскопски знак секогаш сака да биде лидер, така е и во бракот. Ако таа улога ви одговара, сè додека во него гледате заштитник и оној што прашува за сè и одлучува за сè, нема да има проблеми. Шкорпиите не сакаат жената да биде поуспешна од нив и тие бараат партнер кој ќе биде во нивната сенка. Тие се посесивни и знаат да направат љубоморни сцени, со и без причина. Непријатни ситуации со семејството, пријателите и соседите се чести. Иако се склони кон љубомора, тие не гледаат ништо лошо во флертувањето со која било жена.