Ги мачи сите тинејџерки: Како да знаете дали градите ви се нормални?

Добивај вести на Viber

Преголеми, премали или нормални - како изгледаат твоите гради? Во продолжение ќе ви откриеме се што треба да знаете за градите.

 Гради - симбол на женственоста 

Еднаш мора да се случи! Секоја девојка во текот на животот ќе стане жена. Оваа промена за многу девојки е големо изненадување. Се гледа во огледало и ги забележува промените на телото. Прво што ќе забележи дека „таму горе“ нешто се случува: се појавиле брадавици! Тоа значи дека телото почнува да лачи сексуални хормони и дека градите постепено почнуваат да се развиваат. Она што во почекот било како зрно грашок или лешник, одеднаш ќе стане града. Додека градите не ја достигнат својата вистинска големина, ќе поминат од две до пет години. Дали твоите гради не се развиваат еднакво? Немој да се грижиш! Кога ќе наполниш 18 години, двете гради ќе бидат иста големина и нема да има воочливи разлики. Инаку: обликот и големита на градите се генетски одредени - исто како твојата боја на очи. Затоа твоите гради се нешто единствено.

Брадавици - како две копчиња

Брадавиците кај секоја девојка се поинакви. Нивната големина немаат никаква врска со градите. Па така, можеш да имаш мали гради со големи и изразени брадавици, но и обратно, да имаш големи гради со мали брадавици.

Постојат девојки кај кои брадавиците се неверојатно чувствителни и регираат на допир. Други девојки пак се потполно опуштени и нема да се возбудат и воодушеват кога некој им ги допира брадавиците.

Дали си русокоса? Тогаш ти најверојатно ќе имаш розеви брадавици. Колку потемна е бојата на твојата коса и очи, толку потемни ќе бидат и твоите брадавици.

Брадавиците може да бидат видливи и под облеката. Но, отприлика кај 3% од девојките, тие се не се познаваат. Главниот виновник за тоа се кратките канали на млечните жлезди. Па, тоа не е ништо лошо или ненормално.

„Круг“ околу брадавиците - што е тоа?

Во внатрешноста - од што се составени градите?

За овие и други прашања за градите продолжете на Хаштаг.мк