Ги навредив син ми и снаата, а тој жестоко ми возврати: Ми кажа нешто што ниту една мајка не би сакала да го слушне од своето дете

Добивај вести на Viber

Инаку не се мешам во браковите на моите деца, но сега морав. Ги навредив снаата и син ми, а како тој ми одговори, не би сакала ниту една мајка да го слушне тоа од своето дете...

Баба, која сама одгледала 12 деца, ги посетила синот и снаата Меган, која неодамна станала мајка. Кога пристигнала забележала дека Меган е уморна и исцрпена, но се обидувала да ја среди куќата бидејќи дури тогаш дознала дека доаѓа нејзината свекрва.

Бабата забележала дека куќата не е совршено чиста и дека Меган не се истуширала неколку дена. Таа сфатила дека нередот во кој се наоѓа Меган не е само резултат на раното родителство, туку и дека нејзиниот син отишол во теретана додека таа била оставена да се грижи сама за бебето. Бабата решила да го чува својот внук за Меган да се одмори и да се освежи.

- Шеесет и една година живеам на земјата и никогаш не сум видела возрасен да заспие побрзо. Го чував бебето четири часа и подготвив ручек, додека Меган се разбуди и се истушира, напиша таа на Редит.

Откако цел ден набљудувала што се случува во куќата, на свекрвата и било јасно дека нејзиниот син никако не помага во куќата и дека секогаш кога бебето плачело, ја гледал сопругата или мајка му и дека очекувал некоја од нив да го земе бебето.

И покрај тоа што неговата сопруга се‘ уште се опоравува од царскиот рез, тој воопшто не и помага низ куќата, на големо разочарување на свекрвата.

-Инаку не се мешам во односите на моите деца, но тој ме изнервира како никогаш досега затоа што не е така воспитан. На Меган ѝ реков дека му е како черга и дека мириса како да има инфекција. Реков таа да легне и да се одмори, а син ми да ја преземе готварската должност, наместо да се однесува како самец тинејџер. Се скараа и син ми ми рече дека сум кучка што кажувам дека куќата му е валкана, а жена му мириса. Меган и јас не се каравме, напишала баба.

Синот сега ја обвинува дека е виновна за неговите проблеми во бракот и тоа што сопругата не разговара со него, а таа се прашува дали требало да молчи за се‘.

Сепак, корисниците на Редит набрзо ја убедија дека не греши и ја нарекоа „херој свекрва“, а и аплаудираа што застанала покрај снаата кога и требала помош, пишува Мондо.

„Вашиот син треба да ѝ помогне на сопругата. Ти го повика и не му се допадна тоа, тоа е негов проблем. Поддржувај му ја сопругата колку што можеш и уживај во времето со новото внуче", „Ти си во право човек треба да го спушти на своето место, звучи страшно незрело“, „ни требаат уште свекрви како тебе, кои се спремни да му пренесат нешто на синот наместо само да го фалат“, ѝ напишале.


Фото: freepik