Ги откри своите тајни за убавина: 5 правила на Синди Крафорд кои одземаат години

Добивај вести на Viber

Синди Крафорд (54 години) ги открива своите тајни за убавина, како ја одржува својата линија и останува фит.

1.Пешачење и вежбање

 „Ми се допаѓа идејата за јога и џогирање, но старомодните вежби се едноставно најдоброто за мене, како оние што ги правев со тренерот Раду кога бев млада и кога снимав видео-ленти со тренинзи - сè уште ги практикувам и денес.“ Сега вежбам со тренер, три пати неделно дома. Ние правиме склекови, сквотови, вежби со тежина. Вежбам сериозно и сериозно го сфаќам тоа, ги сакам вежбите со кардио и тие кои согоруваат калории на најбрз можен начин. Јас сум и поддржувач на пешачење и велосипедизам за време на викендите.

2. Балсам за коса става преку ноќ и додека вежба
„Јас сум обожавател на изреката две мушички со еден удар - затоа ги мешам ритуалите за убавина со работи како вежбање или кога правам обични работи низ куќата. Кога знам дека имам време за балсам, го ставам пред да вежбам, ако имам време после вежбање, го мијам балсамот и ја сушам со фен косата, ја врзувам во висока пунџа - и тоа прави да имам убави бранови наутро кога ќе ја распуштам и е сјајна.

3. Медитација и опуштање

Кога се обидувам да се опуштам, успевам со медитација. Не го правам тоа онолку колку што би сакала, но нешто е подобро од ништо. Јас исто така сакам сауни, и 30 минути во сауна со книга прави чуда за мене. После тоа, јас навистина се чувствувам како нова жена.

4. Користи заштитен фактор за кожа

Ја штитам кожата од сонцето - секогаш! Тоа е најважниот чекор во рутината за убавина и го препорачувам на сите. Кога сум на плажа секогаш носам капа и седам под чадор. Кожата навистина го памети тоа! Користете (SPF) заштитен фактор!“

5. Секој ден го започнува со пијалак кој е полн со разни витамини

„Сакам да правам пијалоци и ги испробав сите можни варијанти. Деновиве, мој омилен е оној со спанаќ, бадемово млеко, половина банана, протеин во прав, какао и свежо нане“ - открива Синди Крафорд за крај.


извор: zenskikutak