Ги погребуваат дечињата и чуварот: Лелеци, пискотници, болка, бес

Во Лешче се собраа голем број граѓани и на вечното почивалиште го испратија Драган Влаховиќ (51), убиениот чувар на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Добриот Драган го обожаваа сите на училиште. Како што изјави неговиот брат за Телеграф.рс, тој бил извонреден човек, добар човек. Тој немаше свои деца, но го даде својот живот штитејќи туѓ.

На белградските гробишта денеска беше погребан и К.М. (14) во 11:30 часот на Нови гробишта, Е.К. (14) во 12:00 часот на Централните гробишта, А.Д.(14) во 14:45 часот на гробиштата Нови Бежанија, М.А. (14) во 15.30 часот на Нови гробишта.

Во Србија е во тек тридневна жалост, која започна во петокот на 5 мај, а која Владата на Република Србија ја прогласи поради страшната трагедија што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога ученик (13) уби девет лица, од кои осум ученици, а повреди седум - шест ученици и еден професор по историја.

Погребана е и ќерката на легендарниот српски одбојкар и одбојкарски тренер Драган Кобиљски, убиена во масакрот.

телеграф

принтскрин јутуб