Ги променила овие три работи и салото почнало да се топи: Првите резултати видливи за недела дена!
Мали промени во навиките можат да направат големи промени во нашиот организам. Експертите тоа го советуваат со години посебно за оние кои живеат брзо и се борат со вишокот килограми.
Токму тоа на своја кожа го искусила Џени Шугар, сопруга и мајка, која , како и повеќето жени, се борела со непосакувани килограми. Оваа вегетаријанка одлучила да стави крај на таложењето масни наслаги на стомакот. Еве што променила...
„Јадев да не се фрли ...“
На многу мајки оваа изјава им е и тоа како позната. Откако децата не го изедат се она што родителите им наменат за оброк , многу мајки ги „исчистат“ нивните чинии за да не се фрли храната. Истото го правела и Џени, иако, тврди, нејзините оброции се многу здрави. Денот го почнува со протеинско смути од зелен зеленчук, за ручек јаде салата, а за меѓуоброци избира јаткасти плодови и овојше.
Проблемот бил во вечерата кога Џени, по напорниот ден и здрави оброци, го јадела остатокот од храната. Тоа одлучила да го промени и за вечера себе си сѝ сервирала порција која ќе ја изеде без да наталожи сало, а остатокот би го оставила во фрижидер:
-Така не ми се пред очи, во фрижидер не ги гледам иако знам дека постојат, но не доаѓам во искушение да го изедам остатокот од чинијата“ . По недела дена веќе се видеа првите промени, се чувствувала полесно и поенергично, раскажала Џени.
„Го исфрлив сирењето од исхраната...“
Како вегетаријанка, Џени, во исхраната имала прилично доста млечни производи. Сирењето било неизоставна намирница во вечерните оброци, открила таа. Одлучила својот вечерен оброк да го направи поздрав. Сирењето веќе не било опција за вечера, го заменила со салата и зеленчук кои ги комбинира со ориз и грав.
„Кујната се затвора“
По вечерата Џени имала навика да изеде уште нешто слатко, па нешто да грицка...За да не доаѓа во такво искушение, наместо вечерен десерт, со оброкот сервирала паста од авокадо, слаток компир но и овошје. Слатка лубеница, јагоди, грозје, се поздрав избор на „грицкалки“ кои ќе ја убијат желбата за слатко кое Џени по вечерата речиси секогаш го имала. И по вечерата, кујната се „затвора“.