Ги зголемив градите без силикони и „пуш-ап“: Шминкерка покажа одличен трик за побујно деколте што секој може да го направи
Овој трик е идеален за сите жени со мали гради, како и за оние кои имаат нормални гради и сакаат уште повеќе да ги истакнат
Љубителите на шминка знаат дека добрата контура на лицето може целосно да го промени изгледот, па истото може да се примени и на телото.
Шминкерката Зои Кенеди, или „Makeupbyzk“ на „Тик-ток“, тврди дека контурирањето на нејзиното деколте за да ѝ изгледаат градите поголеми ја прави да се чувствува посигурна кога носи блузи и фустани со деколте.
Затоа на своите следбеници им демонстрираше како до побујно деколте користејќи ги само своите „мејкап“ вештини.
- Пробав сама, па направив краток водич за контурирање на градите. Оваа техника ја користам скоро секогаш кога имам нешто со длабоко деколте, бидејќи градите ми се многу разделени и не се точно на средина како кај некои жени- вели таа.
- Со контурирање можеме да се преправаме дека имаме лажни гради. Користете ја пудрата по внатрешниот раб на градите. Потоа користете малку хајлајтер на главниот дел од градите и надолу кон средината на градите кон стомачните. Ставете малку и на клучните коски и вратот - објаснува таа во видеото, а потоа додава:
- На овој начин можете дури и да излезете без градник. Се чувствувам многу посамоуверено иако всушност немам големи гради – нагласи шминкерката.
@makeupbyzk #makeuptips #makeuptipsandtricks #contourtutorial #smallboobgang #nobra #nobratips #smallchesttips Unholy - Sam Smith & Kim Petras
Некои професионални шминкери нагласуваат дека на овој начин визуелно може да се постигнат и до три пати поголеми гради, што секако го олеснува средувањето и наоѓањето решенија без инвазивни естетски процедури.
Порано користевме основна шминка за покривање на темни кругови или мозолчиња, но денес таа служи за истакнување на атрибутите кои природно ни се дадени. Некои одат дотаму што го контурираат и разубавуваат вратот, нозете, задникот, па дури и ушите.