Гига забава со А1 припејд – Неверојатни 100GB мобилен интернет за само 399 денари

Нова атрактивна понуда во мобилната припејд телефонија на А1


 И ова лето A1 Македонија воведува уште една атрактивна понуда во мобилната припејд телефонија со уште повеќе мобилен интернет, со која корисниците добиваат можност за супер забава ова лето, многу гигабајти и уште поголема можност за нови и возбудливи доживувања.

Новите припејд корисници со активирање SIM-картичка за 299 денари добиваат вклучени 100GB интернет, или со активирање на А1 Duo пакетот за 399 денари со две SIM-картички, секоја со вклучени 100GB интернет. Вклучениот интернет може да го користат во првите 2 недели од активирањето на SIM-картичките.

Постојните А1 припејд корисници имаат можност да го активираат новиот месечен пакет со 100GB интернет за само 399 ден. преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање SMS-порака на бројот 1410 со текст 100GB. Пакетот со 100GB интернет ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку SMS-порака.

Дополнително, новите A1 припејд корисници добиваат можност за неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата како и 50 денари кредит што можат да го користат според своите потреби.

По истекот на бесплатниот период, наведените пакети автоматски ќе се обноват, и тоа месечниот пакет со 100GB интернет за 399 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 ден.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Пр објава