Гинеколог покажува како е правилно: Цело време погрешно одиме во тоалет - ова е здравиот начин за мокрење
Ако седите исправено, вели таа, дури една третина од урината останува во мочниот меур.
Иако веројатно мислевте дека е невозможно да се направи грешка при одење во тоалет, се чини дека постои „правилен“ начин на мокрење - така барем во нејзиното видео, вели гинеколошкиот хирург и уролог др. Тереза Ирвин, која на своите следбеници им покажа два начина - погрешен и правилен начин на мокрење.
- Повеќето од нас сме научени да уринираме неправилно - вели др. Тереза, демонстрирајќи исправено седната на тоалетот, истакнувајќи дека „на овој начин мочниот меур не се испразнува добро“.
Имено, ако седите исправено, вели таа, дури една третина од урината останува во мочниот меур.
- Правилниот начин е да седите на тоалетот „како каубој“, односно да го навалите телото напред, да ги ставите лактите веднаш над колената, со нозете испружени на подот - објасни хирургот во своето видео.
- Неверојатно е што сега на оваа возрас учам како правилно да го испразнам мочниот меур - напиша една жена во коментарите, објави „Сан“.
ВИДЕО:
@dr.teresa.irwin Did you know with a simple adjustment you can increase your bladder health? #doctor #healtheducation #healtheducator #women #mom #texas #fyp
original sound - Dr. Teresa Irwin