ГЛАСАЈТЕ: Кој салон за убавина во Македонија според Вас нуди најдобри услуги?

Негата за телото, лицето и косата се многу важен фактор кај дамите. Секоја сака да има чисто и здраво лице, коса како свила и негувано тело - работи кои може да ги добие со редовна грижа и нега, без разлика дали ќе ја прави сама во домашни услови или ќе ја препушти во рацете на професионалците од таа област.

Кога сме кај професионалниците, во нашата држава постојат безброј салони за убавина и нега на жените, но само некои од нив се издвојуваат, што по квалитетот, што по долгогодишното искуство, а што поради одличните услуги.
Затоа, ние издвоивме три од најдобрите, а ВИЕ ќе треба да одлучите кој од нив е најдобар и секако кој нуди најдобри услуги.

Разговаравме со секој еден од нив, а тие ни открија по што се издвојуваат од останатите:

1. Афродита - С

„Центарот за убавина Афродита - С веќе 25 година важи за лидер во областа на козметологијата. Од неговиот почеток во 1996 година сѐ до денес неуморно се надоградуваме на професионално ниво и воедно ги задоволуваме светските стандарди на најдобрите салони. Темел на досегашната успешност е максимална посветеност, градење на извонреден тим, вложувањето во нивна континуирана едукација и следење и имплементирање на светските иновации.

Идејата на Афродита - С е да создадеме рај со единствена цел – да одговориме на потребите и барањата на клиентите. Денес располагаме со два центри за убавина - кај панорамски комплексв Водно и во населба Аеродром, а во својата работа ги почитуваме принципите на деловност, етика, вршиме континуирана едукација и ги следиме највисоките стандарди за квалитет при изборот на козметичките услуги и препарати.“ – ни посочија од салонот.

2. Силуете

„Нашиот салон работи веќе 31 година. Располагаме со најсовремена опрема, најефикасни апарати од светски најпознатите брендови во областа на убавината и естетиката за тело, лице и коса... Сѐ на едно место - најефикасно, најстручно, тоа е нашето мото. Нашиот стручен тим се труди секогаш да се чувствувате убаво и релаксирано и да постигнете брзи и трајни резулатите. Кај нас сте секогаш добредојдени за совет.“ – истакна Мелина, сопственичката на Силуете.

3. Фигурела Студио

„Фигурела е бренд на физиолошки центри во кои што се применува екслузивен метод за слабеење и ремоделирање на женското тело. Како услуги во Фигурела може да ги добиете:

* Фигурела Метод - Методот на Студио Figurella се темели на принципот на физиолошка реактивација на ензимите (патентиран Метод Figurella-S.R.E.).

* Солариум - можност до совршен тен стимулација на вашиот колаген и Д-витамин. ЛЕД ХИБРИД УВ + КОЛАГЕН е нова паметна технологија која преку фотодинамична терапија врши стимулација на вашиот колаген и го постигнува посакуваниот ефект (тен) кој сакате да го добиете.

* Масажи - мадеро терапија, медицинска, спортска, релакс, антицелулитна, лице.

* Ендосфера - Неинвазивниот третман со „Ендосфери“, безоперативно, ви овозможува да дејствувате и да ги обликувате региите на телото каде што има локализирани масни наслаги кои тешко се елиминираат како што се рацете, грбот, половината, стомакот и бутовите, притоа прилагодувајќи се на потребите на вашата кожа.“ – акцентираа од Фигурела.

Опцијата за гласање за тоа кој салон за убавина ги задоволува вашите критериуми може да ја најдете под секоја објава на нашиот портал, а до прогласувањето на најдобриот козметички салон ќе имате точно една недела.