Главоболки и покачен притисок: Опасно време за метеопатите

Добивај вести на Viber

Наглата промена на времето негативно влијае на метеопатите, пишуваат светските медиуми. 

Ова е неповолно време со оние кои имаат потешкотии со крвниот притисок и со вртоглавици. Со наглата промена на времето , од летни во зимскки температури и со зголемените врнежи од дожд, варира и крвниот притисок. Оние кои хронично боледуваат од овие симптоми може да почувствуваат и забрзано срцебиење или артмија.

Неповолното метео негативно влијае и на пациентите со болести на коските. Можно е да почуствуваат болка во р'бетот и во пределот на главата, тежина во целото тело и зголемена главоболка.

Лошите временски услови, велат лекарите, лошо влијаат и на расположението а можат да предизивкикаат и зголемена поспаност.