Глумците пеат: Светски спектакл на македонски начин- ова е тоа што фалеше

Добивај вести на Viber

По повеќегодишна пауза, манифестацијата „Глумците Пеат„ се врати на сцената и на актерите.

Враќањето на овој исклучително популарен проект е во чест на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ кому ова му беше животен проект. Зад враќањето на шоуто на сцената стојат неговите ќерки Маја и Ира.

Вчеравечер приредија вистински спектакл, нешто што само тие го можат, а да наликува светски, отмено, забавно, иновативно и се, само досадно не!. Салата во Опера и балат беше претесна да ги собере посетителите кои восхитени ракоплескаа на секој настап.

А, настапија голем број актери: Тања Кочовска, Ѓокица Лукаревски, Арна Шијак, Петар Горко, Нина Деан, Јелена Јованова, Драган Спасов- Дац, Маја Андоновска Илијевски... 

Пееја со душа, играа на познати македонски и странски рефрени, носеа костими прилагодливи и автентични за на сцена, блескаа од радост и желба да се направи нешто добро и кое ќе се памети. 

Режијата беше на Дејан Пројкоски. И овојпат маестрален.

Преку нашата галерија ви ја доловуваме и атмосверата:

Фото: Вангел Тануровски

Галерија: