Го бањав бебето на мојата најдобра пријателка, го забележав ова и веднаш знаев дека маж ми е таткото: Двојното предавство ме уништи

Добивај вести на Viber

Да дознаете дека вашиот сопруг ве изневерува е поразително, но кога тоа го прави со некој ваш близок, тоа е еден од најголемите емотивни удари што некој може да ги доживее. Токму тоа и се случило на Американката Хејли Меј.

Сопругот ја изневерил со нејзината најдобра пријателка! Вистината ја дознала на најлош можен начин: практично за време на породувањето на истата таа другарка, кога сфатила дека бебето всушност е дете на нејзиниот сопруг Тревис.

Пред неколку години Хејли не била во завидна положба, имала три деца, а како поранешна наркоманка се борела да остане „чиста“. Меѓутоа, кога блиска пријателка, која исто така се борела со зависност, ја контактирала за да и каже дека е на породување и моментално е бездомник, што значи дека нема каде да оди по породувањето, Хејли не се двоумела дали да и помогне или не.

Таа веднаш ја однела во болница, останала со неа за време на породувањето и на бебето и на неа им ја отворила вратата од својот дом откако биле пуштени од болница.

„Бев со неа кога и ставија епидурална и ја носев нараквицата за татковците во болница, а морав и да го избањам бебето. Бев среќна што бев дел од тоа“, ја започнала својата приказна Хејли на Тик ток.

@haileymae93 Part one. Ask any questions I’d love to answer them! #wedorecover #sobrietytok #abusesurvivor original sound - Hailey Mae

Но, само три дена по породувањето, откако мајката и бебето биле отпуштени од болница, Хејли случајно ја дознала погубната вистина.

„Само што се вративме дома од болница, се бањав и ги менував пелените на бебето и кога го сврте вратот, ја забележав нејзината вродена мана. Тешко е да се забележи кога бебињата се толку мали, особено затоа што не барав ништо конкретно “, објасни Хејли за медиумите.

Имено, таа забележала наследен израсток на ќерката на нејзината најдобра пријателка, која ја има и нејзиниот најстар син. „Неколку други деца на мојот сопруг го имаат истиот роден белег. Така точно знаев дека детето на мојата најдобра пријателка е дете на мојот сопруг“, објаснила таа.

Во тој момент, пријателката стоела веднаш до Хејли. „Дваете го видовме израстокот и се погледнавме - се беше јасно. Таа не можеше да каже ништо, само ја спушти главата и погледна во подот, а јас едноставно ја знаев вистината", додала таа.

Хејли вели дека на почетокот била во огромен шок, толку многу што тешко можела да разбере се што се случило.

„Кога се случи, морав да излезам надвор. Само се молев и го прашував Бога што да правам во таа ситуација. Бебето беше вклучено во сè, па морав да ја гледам пошироката слика, а не само она што го чувствувам“, раскажала оваа 31 – годишна жена.

Кога првичниот шок поминал, Хејли и простила на пријателката и дозволила таа и бебето да останат под нејзиниот покрив уште неколку месеци. Хејли открила и дека нејзиниот сопруг ја изневерувал со уште најмалку 30 жени за време на нивниот шестгодишен брак и дека со уште две жени добил уште две деца. Не завршува тука, признал дека има уште девет деца, кои ги имал додека не бил во брак со неа. Таа се развела од сопругот, но поради нивните заеднички деца останала во добри односи со Тревис.

Нејзиното искуство еднаш ги обиколи сите социјални мрежи, видеото само на Тик ток има над 3,4 милиони прегледи. Многумина и честитаа што имала сила и волја да им прости и на пријателката и на поранешниот сопруг и да постапи великодушно во дадениот момент.

„Морав да им простам за себе и за доброто на децата“, заклучила таа.

Хејли сега е среќно мажена за друг маж, а со него има уште две деца.

Фото: Принтскрин
Извор: Zena.blic.rs