Го добив најубавиот животен подарок! Александар Белов прослави роденден со новородената ќерка

Добивај вести на Viber

Пејачот Александар Белов кој се прослави кај нас но и на Балканот со учеството во шоуто „Операција Тиумф“ го прослави својот 35-ти роденден.

Белов пред 3 недели стана татко за прв пат, тој и неговата сопруга Јелена ја добија ќеркичка Мина, а токму новородената ќерка пејачот ја држи во раце пред роденденската торта.

„ И што повеќе да посакам од ова? – Го добив мојот најубав животен подарок!“, напиша емотивна објава Александар.


Честитки за роденденот на пејачот пристигнаа од сите страни. 

Инаку, неодамна тој за Женски магазин го откри моментот кога дознал дека станал татко. Неговата сопруга Јелена, се породи во Клиничкиот центар во српскиот град Крагуевац, каде што Белов живее последниве четири години.


Фото: Инстаграм - Александар Белов

Никој не ни кажа дека ќе изгледа вака: Белов ја објави првата фотка со ќерката Мина