Ги донираа органите за да спасат детски живот: Се удави синот на пејачот Гренџер Смит

Најмалиот синот на кантри-пејачот Гренџер Смит, тригодишниот Ривер, се удави во базенот на нивната куќа во Џорџтаун во Тексас, САД.

Пејачот и неговата сопруга Амбер, едвај смогнаа сили да ја соопштат веста за трагедијата.

Синот на пејачот се удави во базенот на семејната куќа во Тексас 

„Нашето семејство е унишетно и со скршено срце, но наоѓаме мир во вербата дека нашиот син сега е со Господ. Рив беше посебен. Сите кои го познаваа го знаат тоа. Радоста која ја донесе во нашите животи не може да се опише и секогаш ќе биде во нашите срца. Сакајте ги своите блиски“, напиша Гренџер во емотивната порака на Инстаграм. 

Слична објава имаше и неговата сопруга, Амбер.

„И покрај напорите на лекарите, за нашето дете немаше спас. Амбер и јас одлучивме да ги донираме неговите органи за другите деца да добијат шанса за живот“, напиша музичарот.

Тој и сопругата се родители на петгодишниот Линколн Монарх и седумгодишната ќерка Лондон.