„Го исклучив парното, моите деца носат јакни и капи“: Добила голема сметка за струја, а заради одлуката сите ја осудуваат
Меган од Англија
покажа како штеди струја, поради што беше мета на критики
Меган од Обединетото Кралство на својот профил на TikTok објасни какви методи користи за греење за да нема големи сметки за струја. Поради нехуманите услови во кои живеат нејзините деца, многумина ја осудија, особено што не го вклучила парното ниту во спалната соба.
Имено, таа во неколку објави објасни како не можела да го вклучи парното оваа зима поради наглото поскапување на струјата.
Во својата куќа измерила само 3 степени, а потоа објаснила како се загрева заедно со децата.
Првиот совет беше: „Завиткајте ги рацете во која било облека додека шетате низ куќата“.
„Затворете ги сите врати внатре во куќата за да ја задржите топлината во секоја соба. Дебелината на ѕидовите во мојата куќа се многу потенки од вообичаеното, што ја прави многу поладна“, беше уште еден совет.
Оставете ја рерната отворена по печењето бидејќи ќе ја загрее просторијата“, гласи нејзиниот трет совет.
Четвртиот совет изненади многумина: „Облечете ги децата со јакни и капи“.
„Денес носам четири слоја облека, а тоа се менува во зависност од надворешната температура. Зимската јакна најдобро ќе ве стопли“, е петтиот совет.
„Наполнете шише со топла вода или термофор. На тој начин можете да ги загреете и рацете и нозете“, беше советот број шест на Меган.
Нејзиното видео стана вирално со повеќе од 600.000 прегледи, а луѓето се прашуваа зошто таа не може да го вклучи парното. Еден од коментарите беше: „Не можеш да го вклучиш парното, но имаш нови нокти?“, на што Меган спремно одговори: „Моите нокти се направени за џабе, затоа што и онака тоа е моја работа“.
Многумина коментираа дека би биле подготвени да се задолжат за доброто на своите деца, само да не им е ладно, на што Меган откри дека неколку месеци е во страшни долгови поради неплатени сметки.
Меган откри и дека нејзиниот долг за струја моментално изнесува 2.498,82 фунти, што е околу 2.800 евра, поради што е принудена да живее како што живее моментално. Од друга страна, имаше и такви кои ја поддржаа и се согласија дека цените драстично пораснале и дека ги разбираат нејзините постапки.
Фото и Видео: ТикТок