Го изгубив детето, што може полошо да ми се случи: Марина Туцаковиќ искрена и емотивна

Добивај вести на Viber

Една од најпознатите текстописци на Балканот, Марина Туцаковиќ, неодамна во  емисијата „Лица“ на 1ТВ го даде своето прво интервју по неколку месечната борба со канцерот. 

- Карционом на дојка, вода тргна кон белите дробови ... Поминав низ пекол. Но едноставно кога бев сместена на онкологија полусвесна некако не чувствував никаков страв-вели Марина и додава:

-Беше тоа - ќе биде што ќе биде. Го изгубив детето, што може полошо да ми се случи. Зарем не?

За најтешкиот момент кој мајка може да го доживее, да го изгуби своето дете, Марина вели:

- Ќе ви отиде детето на екскурзија, па се плашите како ќе стигне. Секогаш имате страв за личности кои ги сакате. Интересно, јас таа ноќ ... Тој беше толку весел, толку се смеевме, навистина не можев да имам лошо претчувство. Колку што имав порано од стравови ... И ете баш  се случи  тоа на што тогаш сигурно не сум се надевала. Не го очекував тоа.