ГО НАЧЕКАВ НА ПАУЗА КАКО МЕ ИЗНЕВЕРУВА: Што ако мажот ве остави поради друга?
Жените по раскинувањето со партнерот велат: кој знае зошто е ова добро? Една англиска студија вели дека за вас навистина може да биде подобро ако мажот ве остави поради друга.
За повеќето жени е најтежок моментот кога ќе дознаат дека мажот ги остава поради друга жена. Но, најновите истражувања покажуваат дека постои и позитивна страна на раскинувањето, а тоа е дека ќе ви биде подобро на подолг временски период.
Анализата која ја објави „Прирачник за жените и за натпреварот“ напишан од професори од Универзитетот во Оксфорд, дава конкретни докази дека раскинувањето може да биде добра работа.
Истражувачи на Универзитетот, и уште неколку во Англија спровеле анонимна анкета во која учествувале 5,705 жени од 96 земји, оставени поради друга жена. Според резултатите, повеќето од нив се изјасниле дека ова искуство им помогнало да созреат и да се развијат како подобри личности, но и оти им е зголемена шансата да најдат подобар партнер.
„Мислев дека ќе се распаднам кога тоа ми се случи. Светот пред мене се рушеше. Но, сега со широко отворени очи глеам на светот,на почеток сум од нова врска во која влегов полека, без многу очекувања и во неа уживам. Ако се навратам само две години назад, кога на паузаата за ручек од работа, го здогледав мојот партнер како разменува нежности со друга жена, на само неколку метри од мене. Се скаменив. Кавгите почнаа уште вечерта. Не се бранеше, не ме убедуваше. Бев гневна и не размислував рационално. Не си заминав јас,туку тој. За неколку дена, останав сама во нашиот заеднички стан“, го споделила своето искуство една 33 годишна жена од Лондон.
Англските аналитичари напоменуваат дека и другата жена поради која мажот ја напуштил првата не се усреќила многу. Таа е осудена да живее во лага, со некој кој има историја со изневерување, и големи се шансите да го стори истото пак.
Извор: Womenshealthmag.com