Го нарекуваат турскиот Бред Пит, во љубов е со убава режисерка: Како денес изгледа принцот Мустафа од серијата „Сулејман Величествениот“? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: SPMY / SESKIMPHOTO / SESKIMPHOTO / PROFIMEDIA

Турскиот актер оваа година полни 48 години, а многу жени сметаат дека сè уште е многу привлечен

Актерот со турско потекло Мехмет Гунсур, кој можевме да го видиме во улогата на принцот Мустафа во серијата „Сулејман Величествениот“, е роден во Истанбул на 8 мај 1975-та година.

Пред да почне да глуми, работел како шанкер и модел. Многу брзо го привлече вниманието на себе, како со својот изглед, така и со своите актерски способности.

Неговата голема улога, улогата на принцот Мустафа во споменатата серија му донесе голема популарност. По неа играше и други поважни улоги, а не изостанаа ниту бројните актерски награди.

Мехмет ја доби наградата за најперспективен актер во 1998-ма година на Меѓународниот филмски фестивал во Анкара за улогата во филмот „Хамам“ и во 2003-тата година специјалната награда од жирито на престижниот турски фестивал во Анталија за неговата улога во филмот „О Симди Аскер “.

Две години пред да започне снимањето на серијата за најпознатиот турски султан, Мехмет знаел дека ќе го глуми принцот Мустафа, па имал доволно време да се посвети на читањето за тој период од неговото владеење. Иако признава дека би сакал еден ден да ѕирне во харемот, Мехмет не би сакал да живее во времето на најголемиот турски освојувач.

- Принцовите не можеа да излезат надвор од палатата, нивната околина беа палатата и харемот. Не би сакал да живеам во тоа, за нас, славно време. Тројца ви ја проверуваат храната пред да ја јадете, постојано ве набљудуваат, чуваат, се дружите со луѓе од вашата класа. Во најголем дел, тоа не била многу здрава средина. Би сакал да го почувствувам животот во харем од обична љубопитност. Знам дека секој маж му завидува на харемот на Сулејман! Но, ако го погледнам од перспектива на мојот лик, не беше бајка да се расте во него- рече еднаш Мехмет.

Згодниот турски актер предизвика толкава хистерија меѓу жените во родната земја што откако неговиот лик во серијата беше брутално убиен по наредба на самиот султан, почнаа неколку петиции за враќање на Мехмет во серијата. Една жестока обожавателка на неговиот лик дури ангажирала и адвокати за да покренат обвинение за убиството на Мустафа!

Колку веродостојно го прикажа ликот на турскиот принц покажува и фактот што по прикажувањето на сцената од убиството на принцот Мустафа во Турција, илјадници луѓе повторно почнаа да го посетуваат неговиот гроб во Бурса, каде што беше погребана и неговата мајка Султанија Махидевран.

Меѓутоа, за жал на сите обожавателки, Мехмет е во среќен брак веќе осум години. Во Италија ја запознал својата сегашна сопруга, италијанската режисерка на документарни филмови Катерина Монџо, каде што ги завршил студиите по глума. Наскоро, парот застана пред олтарот. Тие се во брак осум години и ги имаат синот Али и ќерката Маја.

извор: glossy.espreso.co.rs