Животна училница // Приказни
ГО ОСТАВАЛ ДЕТЕТО САМО И ИЗГЛАДНЕТО, ГО ТЕПАЛ СО КАИШ И ГО БОДЕЛ СО НОЖ - се гони Босанец кој живеел во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45 – годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.
„Во периодот од септември 2022 до 28 март годинава, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, осомничениот ја запуштил и ја малтретирал сопствената ќерка. Како татко и единствен родител со кој живеело детето родено во 2008 година, тој редовно патувајќи во странство ја оставал својата ќерка сама, без соодветна родителска грижа и без обезбедена храна и хигиена во домот.