Го поддржаа Барби трендот: Маријана, Илаира и Луна како најпознатата кукла во светот, облечени од лава до пети во розово

Добивај вести на Viber

Светот буквално полуде по Барби розе трендот кој се врати на голема врата со објавата на премиерата на истоимениот филм.

Розово насекаде... па и неколку наши познати дами не издржаа и го поддржаа овој светски тренд.

Розовата боја значи романтика, љубов, пријателство, женски квалитети и пасивност, особеностите кои со себе ги носи секоја Барби кукла, па токму затоа токму оваа боја е една од омилените на многу девојки во светот.

Облечени буквално како „Барби“ три наши дами заблескааа на премиерата на филмот кој ги полуде девојките.

Марјана Станојковска, Илариа Кирилов и Луна Стефановска со аутфитите изгледаа буквално како најпознатите кукли во светот.

Познатата лото девојка во розе мини фустан со светки и нејзината руса долга коса и блескава насмевка изгледа како Барби - подготвена да го освои светот.

Луна Стефановска пак во интересна Барби комбинација од комплет од куси панталони и сако, циклама кратка маичка и розе шминка е подготвена за своите бизнис зделки во светот на Барби, додека Илаира Кирилов за премиерата избрала кежуал Барби аутфит кој може да го ископира секоја девојка.

Циклама маичка со тексас кратко здолниште е подготвена за средношколските денови или пак за излегување во град со пријателките.

Дали и вие го поддржувате Барби трендот кој го полуде светот, споделете со нас  во коментар.


Фото: Инстаграм - Марјана Станојковска/Илаира Кирилов/Луна Стефановска

Марјана Станојковска - македонската барбика: Во розев мини фустан познатата водителка ѝ се придружи на „Барби“ треската