Го сака Бог, но и кросфитот: Овој свештеник има тетоважи, тренира пет пати неделно и споделува сè на Инстаграм

Добивај вести на Viber

Упати една замерка до црквата кога е во прашање односот кон младите

Кога не е во црква, шведскиот свештеник Оскар Арнгарден (38) може да се најде во теретана како вежба кросфит. Односно, тој е во теретана најмалку пет пати неделно - крева тегови, прави склекови и стомачни и прескокнува јажиња.

Тој го обожава Бог, но и кросфитот, обука која ја практикуваат американски полицајци и војници. Поради сето ова, на Инстаграм го следат над 40.000 луѓе.

View this post on Instagram

A post shared by (@crossfitpriest)


- Некои ме следат затоа што не се навикнати да гледаат свештеник кој тренира и е тетовиран. Други ме следат затоа што се заинтересирани за обуките што ги објавувам, па сами ги прават - вели Оскар, модерен претставник на Евангелско-лутеранската црква.

Кога имал само 14 години, почнал да размислува за свештенството. Во 2005-та година се запишал на теологија, а шест години подоцна се замонашил. И никогаш не се покајал за својата одлука.

View this post on Instagram

A post shared by  (@crossfitpriest)


Притоа не го поколебала љубовта кон спортот со која се занимава од кога се сеќава.

- На 18 години почнав да тренирам повеќе сила, дотогаш играв фудбал. Тренирам пет дена во неделата. Тоа ми дава енергија, затоа тренирам најчесто наутро и така полесно го поминувам денот – објасни тој за германски „Билд“.

View this post on Instagram

A post shared by (@crossfitpriest)


И како црквата гледа на неговиот тренинг - па, не гледа ништо спорно.

- Има луѓе кои се повеќе или помалку критични, но пред сè тука е љубовта - тврди тој, и открива што смета дека е најголемата грешка што ја прави црквата.

- Голема грешка е што црквата мисли дека може да разговара со младите без претходно да ги слуша. Црквата постојано опишува што е правилно, а што не, кои искуства на луѓето се важни, а кои не. Ние како црква мораме да станеме многу подобри, пред сè, слушајќи ги младите, нивните приказни и искуства. Со што се борат и што ги мотивира. Само тогаш нивната вера може да стане релевантна. Не сакам да зборувам премногу, повеќе сакам да слушам и да научам нешто за личноста пред мене – заклучува Оскар.

Извор: 24sedam.rs