Го славиме Зачнувањето на свети Јован Крстител: Родителите треба да направат една работа, а оние кои немаат деца еве што треба!

Добивај вести на Viber

равославните верници денес го слават Зачнувањето на свети Јован Крстител.

На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. 

Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Претеча од бездетните Захарија и Елисавета. 

Преку Своите Ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог Кој од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. 

Наместо љубопитност, да Му воздадеме пофалба на Бога, Кој често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во кои оковани ние, без вонредните Божји чуда, би паднале во очајание и богозаборав.

Се верува дека на овој ден сите родители кои не ги крстиле своите деца треба да го направат тоа или барем да одредат датум кога ќе го извршат крштевањето. А оние што немаат дечиња нека се молат и да не губат надеж.

Празникот кој денеска го славиме, Зачнувањето на Свети Јован Претеча и Крстител, се слави како празник на крштевањето, но и како празник на сите оние парови кои сакаат деца, но не можат да имаат.

Народот верува дека на сите оние чија желба за деца е длабока колку и нивната верба во Бога, доколку се молат за тоа на овој ден, ќе им се исполни.

Семејствата со деца денес треба да бидат заедно и да го слават богатството што го имаат, во вид на деца.