Го соблече сакото и сите гледаа во спектаклот кој го приреди: Оскаровката во креација која е врвна уметност
Во неделата вечерта во Њујорк се одржа доделувањето на престижните награди Тони на кое се собраа бројни познати дами. На црвениот тепих имавме можност да видиме луксуз и елеганција, а посебен впечаток остави актерката Лупита Нионго. Познатата 40-годишна девојка избра едноставна на прв поглед, но всушност многу интригантна комбинација која дефинитивно привлече внимание во морето на други, бледи изданија.
Лупита под црната, плишана јакна криела необична блуза од метал која „имитира“ женско тело и голи гради.
Познатата оскаровка ѝ оддаде почит на креацијата што ја носеше на Инстаграм, велејќи дека тоа е „бесрамно искуство надвор од телото“. Патем, зборуваме за дизајнот на Миша Јапанвала, креатор и уметник со пакистанско потекло, чија работа е инспирирана од идејата за отфрлање и деконструкција на срамот поврзан со сопственото тело.
Лупита додаде дека била „почестена, понижена, овластена и енергизирана“ додека ја носела оваа специјална блуза на црвениот тепих.
„Во својот уметнички процес, Миша создава реална и вистинска евиденција за телото на човекот како чин на отпор и славење, а во исто време инсистира да ни се дозволи слободно да постоиме во нашите тела“, напиша актерката.
Слични креации на Миша носеа и други познати дами како Карди Би, Џулија Фокс и Холси.
Оваа сребрена креација без грб, која дефинитивно е повеќе скулптура отколку блуза, Лупита ја искомбинира со елегантни црни широки панталони и црна кадифена јакна, додека нејзината свежо избричена глава беше украсена со атрактивна тетоважа со кана.
ФОТО: Инстаграм/Јутјуб принтскрин