Го знаеме како импулсивниот Денвер од „La Casa de Papel“: Во реалноста заведе две колешки од хит-серијата

Хаиме Лоренте во серијата „La Casa de Papel“ го глуми ликот на Денвер, а на сетот запозна две девојки...

Шпанскиот актер и манекен Хаиме Лоренте се прослави благодарение на успешните серии, а најпознат е по улогата на Даниел Денвер Рамос во хит-серијата „La Casa de Papel“ чии последни епизоди беа објавени пред неколку дена.

Згодниот Денвер денес наполни 30 години, а актерот роден во Мурсија, Шпанија, израснал со постарата сестра Хулија и дипломирал на Драмската академија пред официјално да почне да се занимава со глума.

Долги години глумеше на даските што живот значат пред да ја добие првата улога во телевизиската серија „El Secreto de Puente Viejo“. Од 2017 година го глуми ликот на Денвер во светски популарната серија „La Casa de Papel“, а таа улога, како и на остатокот од актерската екипа потполно му го промени животот. Се појави и како Нано во серијата „Elite“, коа исто така се емитува на Нетфликс, а во последните неколку години постојано реди успеси.

Лоренте две години беше во врска со колешката Марија Педраза со која глумеше во „La Casa de Papel“ и „Elite“, а двојката минатата година објави дека раскинале. Иако се шпекулираше дека се вериле, нивната љубов за жал не успеа.

Актеркот од минатата година е во врска со костимографката Марта Гоенага, која ја запозна додека заедно работеа на серијата „La Casa de Papel“, а двојката пред еден месец доби и ќерка. Хаиме Лоренте инаку не сака премногу детали од приватниот живот да споделува со јавноста, но во една прилика кажа деа му е јасно дека сето тоа се променило откако го глумел ликот на Денвер.

View this post on Instagram

A post shared by El chaval (@jaimelorentelo)

Инаку, актерот на Инстаграм го следат повеќе од 14 милиони луѓе, а обожавателките ширум светот со нетрпение ја очекуваат секоја негова нова објава.