„Годините не се важни, се сакаме“: Како најомразената љубовница (48) го освои синот на Мајкл Џордан (ФОТО)

Според мислењето на многумина нејзината врска е вистински скандал, на вакви и слични прозивки таа долго време одговарала со молчење, а потоа ја коментирала својата врска.

Ларса Пипен (48) вели дека годините никого не дефинираат. Таа истакна дека таа и нејзиниот 16 години помлад дечко Маркус Џордан имаат многу заедничко, но потсети и дека нејзиниот поранешен сопруг Скоти Пипен со кој има четири деца е една деценија постар од неа.

„Ја живеам својата вистина, среќна сум. Маркус и јас се разбираме, тој ми е најдобар пријател, ништо не беше планирано. Бевме заедно и тоа едноставно се случи“, рекла таа, пишува Дејли Мејл.

Ларса смета дека кругот на заеднички пријатели придонел за нејзината врскатсо Маркус, па често се среќавале. Таа синот на Мајкл Џордан го познава од самото раѓање бидејќи кариерите на нејзиниот поранешен сопруг и славниот Џордан се надополнуваа една со друга.

„Ние сме на добар пат“, додала Ларса за нивната врска која е критикувана од самиот почеток.

.

Фотографиите од нив направени на плажа во Мајами покажуваат дека таа и нејзиниот партнер не биле спречени од негативни зборови, на тие слики изгледаат како среќен пар. А зошто Ларса Пипен ја нарекуваат најомразена љубовница?

Почетокот на врската помеѓу Ларса Пипен (48) и Маркус Џордан, кој се роди речиси 17 години по неа, го одбележа шокантна приказна. Магазинот „US Weekly“ напиша дека пред да го шармира своето момче, таа флертувала со неговиот татко, познатиот кошаркар Мајкл Џордан, но се шпекулираше и дека славниот спортист, кој е во брак со Ивет Прието, всушност ја заведувал познатата бринета.

Појавувањето на Ларса и Маркус во познато њујоршко кафуле беше потврда на шпекулациите дека тие двајца се во врска. Беа видени подоцна заљубени, прегрнати, како вистински вљубен пар. Засега нема индикации за колапс на нивната емотивна врска.

View this post on Instagram

A post shared by The Celeb Post (@thecelebpost_tcp)



Маркус, кој важеше за познат и посакуван ерген, остава впечаток на „лудо“ заљубен маж, а многумина се прашуваат дали Ларса кај него ќе ја најде среќата што ја пропушти во бракот со познатиот кошаркар Скоти Пипен.

Бракот на Ларса и Скоти Пипен официјално заврши во 2021 година, речиси две и пол децении по нивната венчавка. Имаат четири деца.

Таа ги демантираше гласините дека го изневерувала својот поранешен сопруг, а во центарот на вниманието беше и поради краткотрајната и контроверзна врска со 22 години помладиот кошаркар Малик Бисли, кој ги исфрли сопругата и детето од куќа поради неа, што беше повеќе од срамно и апсолутно неприфатлив чин.


ФОТО: Инстаграм