Голем број успешни и реализирани луѓе се дел од приказната на Лондон Мет
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан е само дел од успешните луѓе кои дипломирале на Лондон Мет
Одлуките донесени при изборот на високото образование се едни од најважните, а воедно и најтешки одлуки кои влијаат на целокупната иднина на студентот. Несомнено, изборот на правилната високообразовна институција е клучен чекор при градењето и развојот на идната кариера.
Се повеќе млади луѓе се одлучуваат своето образование да го продолжат на меѓународни високообразовни институции и да се стекнат со диплома која е препознаена ширум светот.
Идните студенти, отсега ја имаат оваа прекрасна можност, да бидат дел од големата заедница на Лондон МЕТи да студираат во Скопје, да учат од докажани и реномирани светски професори.
London Metropolitan University (MET) е една од најстарата образовна институција во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на секој иден студент.
Дали знаевте, дека од факултетските клупи на Лондон МЕТ се произлезени едни од највлијателните луѓе во бизнис сферата и јавниот живот?
Еден од нив е и актуелниот градоначалник на Лондон, Садик Кан. Тој за своето студентско искуство, на Лондон МЕТ вели: „Едни од најдрагите спомени, ми се секако спомените поврзани со студентските денови.Моите родители работеа напорно за да ни овозможат мене и на мојот брат и сестра соодветно образование. Студирав правни науки на Лондон МЕТ. Како студент на овој реномиран универзитет се стекнав со врвно знаење и практични вештини. Искуството стекнато на овој универзитет, несомнено влијаеше при изборот и развојот на мојата сегашна кариера. Среќен сум што се отвори можност се повеќе студенти да бидат дел од овој реномиран универзитет и да го почуствуваат духот на Лондон и британското образование. Ги охрабрувам сите млади лица, без дилеми да го одберат Лондон МЕТ.“
Своето искуство го споделува и Константина Антонополу. За искуството како студент на Лондон МЕТ вели: „Го избрав Лондон МЕТ, заради тоа што нуди квалитетно образование кое е препознато ширум светот. Студирав на програмата за правни науки, а во текот на студиите имав пристап до најразлична литература и поддршка од моите ментори. Како студент на Лондон МЕТ, во текот на летниот период, имав можност да работам во адвокатски канцеларии ширум Европа.
Програмата за студирање на Лондон МЕТ е конципирана на начин да ги инспирира студентите да ги развијат своите вештини, давајќи им слобода да бидат креативни и поддршка да го развијат својот целосен потенцијал. Предавањата и испитите ми помогнаа да ги развијам моите вештини за критичко размислување. Испитите не се направени за да учите информации напамет, туку да бидете способни да ја сфатите суштината.
Во моментов работам како адвокат по кривично право, а мојата цел е да станам дел од Европскиот Парламент.“
Направете го вистинскиот избор, студирајте на Лондон МЕТ. Изберете образование скорено по британски терк и стекнете се со врвно знаење и експертиза кои несомнено ќе го поплочат вашиот пат кон блескава иднина.
Станете и вие дел од успешната приказна на многу студенти ширум светот.