Голема празнична донација на Силк Роуд Банка Ад Скопје за ЈУ Детски дом „11 Октомври“!

Бидејќи грижата за заедницата е секогаш наш приоритет и задоволство, оваа година се одлучивме да помогнеме на децата на кои им се најпотребни нашата помош и внимание.

Согласно потребите на Домот, дониравме сетови за домаќинство, панелни конвектори, миксери, машина за перење и пакетчиња со козметика за сите деца, соодветни на возрасните групи во 4 групни домови.

Среќни сме што со ова ќе помогнеме да го олесниме секојдневието на овие деца кои вистински заслужуваат шанса за убав живот.

Силк Роуд Банка, како општествено одговорна компанија, продолжува и понатаму да пружа континуирана поддршка и грижа за сите ранливи и социјално загрозени групи.

ПР објава