Голема трагедија за Џоди Фостер: Познатата актерка со скршено срце

Добивај вести на Viber

Евелин „Бренди“ Фостер, мајка на познатата актерка Џоди Фостер, почина во Лос Анџелес како последица од деменција.

Доживеа 90 години, а својот живот го посвети менаџирајќи ја кариерата на својата ќерка, уште од нејзини најмали нозе, па се до зрелите години, кога Џоди освои два Оскари.

Покрај Џоди, Евелин имаше уште две ќерки и син. Родена е во Илинос, а во Холивуд дошла преку една прилика да учествува на една турнеа со бенд. Кратко работеше и како публицист.

Џоди почна да глуми во реклами уште од три годишна возраст, а нејзината мајка кај сите беше позната како посветен менаџер. Сепак, го оспоруваа тоа што таа ѝ дозволи на ќерка си да глуми проститутка на 14 години во фимот „Таксист“ на Скорсезе.

„Евелин без сомневање беше најсилната личност во фамилијата, шампион, борец, исполнета со енергија и љубов“, пишува во изјавата од нејзините деца.