Големо враќање на најпопуларниот модел на чизми: Секогаш изгледаат скапо, а може да се носат за секоја прилика

Добивај вести на Viber

Каубојките, кои некогаш беа едни од најпопуларните чизми, се во тренд и оваа есен

Манекенката Емили Ратајковски пред неколку дена претстави тренд кој ќе владее во наредните месеци!

Како и нејзините колешки модели, 31-годишната Емили е особено приврзана за трендовите кои доминираа на модната сцена на почетокот на 2000-тите.

Тоа го докажа тоа со комбинирање на корсет во крем боја со соодветно здолниште до колена, а доминацијата на светлите тонови ја дополни со црни парчиња. Со црни каубојски чизми кои ќе бидат во тренд и оваа сезона.

Овие впечатливи чизми ги претставија и hihg street брендовите, а покрај класичната црна боја ќе се носат и во бела и кафена боја.

Покрај тоа што ја докажува својата наклонетост кон high street парчињата со нивно носење, Емили го потврди и трендовскиот статус на каубојките, кои несомнено ќе ги одбележат следните месеци.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: unsplash  - колаж

Некогаш ги носеа само мажи, денес жените полудеа по нив: Најомразените чевли сега се број еден (ФОТО)