Горда, страстна, мрзелива: Карактеристики на личноста на жена Лав
Влеговме во периодот кога владее хороскопскиот знак Лав, а неговото владеење ќе трае до 22 август. Веројатно ви е познато дека неговиот владатар е Сонцето, што значи дека личностите родени во овој знак, зрачат со позитивна енергија, која на другите им годи.
Покрај тоа, заштитен знак им е самоувереноста, поточно сакаат да се претставуваат како такви. Најчесто знаат што сакаат и како да стигнат до тоа, а опкружувањето често мисли дека цел свет се врти околу нив и им замеруваат за тоа. Доколку вие сте некој кој слави роденден во вој период, веруваме дкеа ќе ве интересира описот што следува.
1. Лојални сте
Со текот на годините најчесто избирате личности кои ви годат и покрај нив сте и во добро и во зло. Кога некој од нив поминува низ тежок период, тука сте да скокнете во помош. Не ви е нешто непознато ни да се заложите за блиските, а поради овие одлики понекогаш ве доживуваат како наредник, што не ви е цел.
2. Умеете да биде егоцентрични
Често имате потреба да се наметнете како поинакви и единствени, така што зборувате за своите хобија и интереси. Ви годи чувството да бидете важни, но тоа на поединци умее да им пречи. Поради тоа, не е лошо понекогаш да ги слушнете мислењата на другите и да се откажете од вниманието во кое уживате.
3. Самосвесни сте
Како што веќе истакнавме, ви годи главното место во друштвото, а повторно, од друга страна, се грижите за впечатокот кој го оставате. Самоувереноста често е само претстава за јавноста, додека длабоко во себе имате дилеми и стравови. Ако ова важи и за вас, размислите за своите маани и донесете одлука задоволството да го побарате во себе, а не во другите.
4. Умеете да бидете мрзеливи
Сакате да ги правите работите кои во вас будат страст, а кога таа ќе недостасува, ја губите мотивацијата. Се давате со цело срце во односите и задачите за кои верувате дека се вистински, но кога не е така, со задоволство би ги прескокнале.
5. Очекувате потполна посветеност од партнерот
Кога некој ви се допаѓа, не се воздржувате за да го покажете тоа. Меѓутоа, се надевате дека истото ќе го добиете за возврат. Не се чувствувате пријатно кога вашиот партнер времето го дава на другите, а уште помалку имате толеранција за оние кои не сте сигурни дека се грижат за вас.