Гордана за 10 месеци ослабела 60 килограми: Тешко ѝ било да оди, а потоа променила сè - Еве како го направила тоа
Гордана Милошевиќ од Зрењанин, која има 23 години, имала
големи проблеми со килограмите, а како што вели, денот кога сфатила дека има
130 килограми бил денот кога сфатила дека мора да промени нешто во животот.
- Денот кога дознав дека имам 130 килограми беше последната капка. Тогаш почнав да се информирам за здрава храна и вежби. Сепак, знаев дека и тоа не е доволно и мислев дека салата ми е единствен спас - изјавила Гордана за порталот „IloveZrenjanin“.
Гордана за 10 месеци целосно се трансформирала и успеала да ослабе дури 60 килограми. Сепак, на ова претходело свесноста дека нејзиното здравје е загрозено, а не само желбата да изгледа подобро:
- Кога бев помала тоа беше најмногу од естетски причини и мислам дека затоа и немав доволно силна волја. Се додека моето здравје не беше доведено во прашање. Тогаш внимателно размислував за се‘, за животот. Имав силни чести главоболки, проблеми со притисокот, за време на прошетки од само 15 минути страшно ме болеа нозете... Продолжив да размислувам, што дозволив да си направам на само 21 година? Тоа беше последната капка во чашата со која започна се‘...
Таа откри и дека ги променила сите навики:
- Како што кажав, бев свесна дека теретаната е мојот единствен спас, иако ужасно се срамев да одам во неа. Морав да го оставам срамот на страна и да престанам да создавам блокови во мојата глава. Знаев дека ми треба личен тренер да работи со мене бидејќи не знаев ништо за вежбање или здрава исхрана. Само што ја заработив првата плата, платив за личен тренер. Отпрвин мислам дека не веруваше дека ќе стигнам до тука, исто како што не верував ни јас.
Го променив целиот мој живот. Од девојка која цел ден седеше дома, играше игри, јадеше и беше незадоволна од својот живот, станав посреќна, поактивна, посигурна во себе. Сите лоши навики ги заменив со добри и квалитетни.
Но, во периодот на слабеење и било најтешко да го одвои животот од животот на семејството и да продолжи сама, додека тие живеат како што сакаат:
- Најтешко ми беше кога моето семејство нарачуваше брза храна, па се криев во својата соба. Сепак, и тоа се промени со текот на времето бидејќи ја знаев мојата цел. Знаев што сакам и веќе немаше потреба тоа да го кријам, само седев со нив на најнормален начин. Тоа веќе беше успех за мене. Најлесно ми беше да одам во теретана, бидејќи знаев дека правам нешто добро за себе. Секогаш кога ќе завршев со тренингот бев пресреќна.