Гордо се слави кај Ѓоковиќ: Јелена и Новак во романтична екстаза поради „љубовната афера“ за која зборува светот
Понеделник, 27 февруари - сите фанови на Новак Ѓоковиќ едвај дочекаа, но и тој и неговото
семејство.
Најдобриот светски тенисер го собори апсолутниот рекорд и ја престигна Штефи Граф по бројот на недели на врвот на АТП листата.
Оваа „љубовна врска“, како што ја опиша неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ на својот Инстаграм, решиле да ја прослават во семејниот дом, а сопругата на Ноле го објави нивниот романтичен танц.
- Со гордост ја славиме тениската љубовна врска на Новак за која зборува цел свет. Жената не се лути, хахах... Новак е најдобриот тенисер на светот најдолго во историјата на тенисот – напиша Јелена во описот на видеото.
Името на Ѓоковиќ во понеделникот повторно се најде на првото место на АТП листата, што е вкупно 378. недела, а во моментов со 35 години и девет месеци е вториот најстар светски рекет број еден во историјата.
Пред него е само Роџер Федерер, кој го држи рекордот како најстар, а во времето кога последен пат беше првопласиран, Швајцарецот имаше 36 години и 10 месеци.
Тоа значи дека Ѓоковиќ доколку сака да го престигне Федерер и по овој параметар би морал барем еднаш да се искачи на првото место по 1 април 2024 година. Како изгледа на теренот во моментов, и ако повредите го заобиколат, тоа не би требало да биде проблем.
Фото и Видео: Инстаграм - Јелена Ѓоковиќ